На својот 27-ми роденден се заколна и им го посвети животот на луѓето. Тоа беше повеќе од ветување, тоа беше посветеност, порачал Крал Чарлс.
Кралот Чарлс го наследил британскиот престол од својата мајка Елизабета Трета, која вчера почина на 96 години. Кралицата мина 70 години на власт, и ќе остане запаметена како британски монарх со најдолг стаж.
„Ви се обраќам денеска со чувство на тага. Во текот на целиот живот кралицата беше инспирација за нас и за целото семејство. Кралицата Елизабета убаво го живееше животот и и служеше на нацијата. Таа службата ви ја ветувам и јас.
Благодарен сум на сите овие изрази на сочувство, од сите нации. Таа во 1947-ма година се обврза да му служи на својот народ. Тоа беше повеќе од ветување, тоа беше обврска која го дефинираше нејзиниот живот.
Елизабета секогаш го гледаше најдоброто во луѓето. Знам дека нејзината смрт носи голема тага за сите од вас. И делумно тоа чувство на неизмерна загуба е со сите вас“, рекол кралот Чарлс и додал дека во сите земји од Комонвелтот е присутно големо чувство на благодарност кон кралицата.
„На својот 27-ми роденден се заколна и го посвети животот на своите луѓе. Тоа беше повеќе од ветување, тоа беше посветеност. Поднесуваше жртви, никогаш не се менуваше. Во својот живот видовме дека ја сака традицијата, но и напредокот кој не направи голема нација.
Мила мајко, додека го започнуваш своето последно големо патување да му се придружиш на мојот мил татко, сакам едноставно да ти го кажам ова: Ти благодарам“.
Ти благодарам и на љубовта и верноста кон семејството и народот, на кој внимателно му служеше сите овие години – порачал тој.
'A life well-lived'
In his first address to the nation as monarch, the King pays an emotional tribute to his mother.
Latest: https://t.co/8AFWhoW82a
📺 Sky 501, Virgin 602, Freeview 233 and YouTube pic.twitter.com/AUPbcoERzW
— Sky News (@SkyNews) September 9, 2022