Првите видеа од силниот земјотрес кој утрово ја погоди Италија

Земјотрес со јачина од 5,7 степени по Рихтер се осетил во дел од Италија, во Рим, Фиренца, Болоња и северна Италија, а епицентарот според моменталните информации бил на 64 километри во близина на Римини, во Јадранското Море.

Земјотресот бил на длабочина од 10 километри и на околу 64 километри источно од Римини, пренесува EMSC, пренесе Ројтерс.

Google search engine

Земјотресот, како што пренесоа медиумите бил почувствуван и низ делови на Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина.

Како што јавува „Repubblica“, на подрачјето на Анкона од штети засега се пријавуваат само пукнатини во ѕидовите, а евакуирана е и клиниката Villa Igea.

Многу од луѓето кои биле во страв излегле на улица по земјотресот во Италија.

Италијанските медиуми јавуваат и дека кај Анкона поради претпазливост запрен е железничкиот сообраќај на јадранската пруга, поради сомнеж за оштетување на пругата.

Инаку, Италија вчера ја погоди уште еден земјотрес со јачина од 4,5 степени со епицентар во близина на Џенова.