Првите слики од Huawei P50 откриваат камери какви што не сте виделе досега…

На „Твитер“ се појавија првите рендери на паметниот телефон Huawei P50 кои откриваат две огромни камери.

Прво нешто што паѓа во очи кај Huawei P50 се двете големи камери на задниот дел од телефонот, додека пак на предниот дел има пресек на екранот и во средината од горниот дел е сместена селфи камерата.

Google search engine

Уредот доаѓа со 6,3-инчен екран, но за разлика од Huawei P50 Pro рабовите нема да бидат закривени. Целиот уред е поголем во однос на P40, повисок е за 8 и поширок за 3 милиметри, а модулот на камерата ја зголемува дебелината за 10,6 милиметри.

Се чини дека Huawei P50 нема IR порт на врвот како Pro моделот, а нема ниту 3,5 мм влез за слушалки затоа што на дното се наоѓа само USB-C порт и звучник.

Според некои гласини, новиот Huawei P50 ќе биде опремен со IMX800 сензорот за камера на Sony, а исто така би требало да го користи оперативниот систем HarmonyOS.