Првиот македонски транс актер со емотивна исповед: „Моите не ме прифатија како Лео, затоа и сум со повредено око“

Македонскиот актер Лео Поповиќ, кој 26 години претходно го носеше името Долорес Поповиќ, неодамна на јавноста ѝ откри дека го променил полот, односно дека е транс лице.

Поповиќ има 27 години, музичар е и има завршено на Факултетот за драмски уметности. Во последниов период се соочува со сериозни животни ситуации, откако конечно ја донел одлуката да стане маж, иако во моментов сè уште не направил операција за промена на полот.

Google search engine

Лео на оваа тема доста отворено зборува на неговите профили на социјалните мрежи, а неодамна гостуваше и во „Урбан Late Morning“ на „ТВ21“, каде откри многу детали од процесот на својата транзиција, откривањето пред себе, пред пријателите, а на крајот и пред семејството.

Актерот со солзи во очите признава дека неговата мајка откако ја слушнала одлуката, бурно изреагирала, а сестра му физички го нападнала, поради што во моментов и изгледа како што изгледа (има модринка на левото око). Во исто време, неговиот татко, кој е разведен од неговата мајка, целосно го поддржува.

Лео не живее веќе во домот на неговата мајка, сестра и домашното милениче, па во интервјуто низ солзи признава дека секојдневно знае да заплаче, бидејќи многу му недостасуваат.