Први видеа од разорниот земјотрес во Јапонија: Се слушнал јак звук, па сè почнало да се тресе! Бетонот по улиците пука, луѓето панично бегаат…

Земјотрес со јачина од 6.2 степени по Рихтерова скала ја погоди Јапонија.

На првите видеа кои се споделуваат на социјалните мрежи, а кои наводно го прикажуваат моментот на земјотресот, на островот Хокаидо, се слуша моќен звук по што зградите почнуваат да се тресат.

Google search engine

 

Како што објави „EMSC“ потресот се случил на длабочина од 112 километри, а епицентарот бил токму во Хокаидо.

Тамошните жители на социјалните мрежи изјавија дека земјотресот бил силен и траел околу 30 секунди.