Првата земја во светот која што даде „зелено светло“ за вакцината против Ковид-19

Вакцинацијата би можела да почне за неколку дена, а прво ќе се вакцинираат најзагрозните, како што се на пример здравствените работници.

Google search engine

Велика Британија ќе стане првата земја во светот која што ќе даде зелено светло на вакцината „Фајзер“ против коронавирусот.

Како што пренесува „Би-би-си“, британскиот регулатор MHRA објавил дека вакцината која што ја направиле „Фајзер“ и „БионТех“, а која што дава заштита од коронавирусот до 95 отсто е сигурна за употреба.

Вакцинацијата би можела да започне и за неколку дена, и тоа прво ќе се вакцинираат најзагрозените групи луѓе.

Велика Британија досега договорила 40 милиони дози од вакцината (доволна за 20 милиони луѓе), а нарачани биле и дополнителни 10 милиони дози. Секоја доза чини околу 15 фунти.

Оваа вакцината досега е најбрзо направената против Ковид-19. За само 10 месеци направена е вакцина за која што клиничкото тестирање докажало дека е многу ефикасна и има помали нуспојави.

Иако одобрувањето е знак дека вакцинацијата може да почне, тоа не значи дека луѓето треба да престанат да ги почитуваат епидемиолошките мерки.

 

- АУДИО РЕКЛАМА -

WordPress хостинг со врвни перформанси за веб страни кои значат бизнис. 24/7 телефонска подршка.