Првата смрт од омикрон во Британија крена прашина: Дали Британецот умрел од омикрон или со него?

Недостигот на транспарентност околу првиот смртен случај од сојот омикрон во Велика Британија предизвикува критики, а еден лекар ја повикал владата да објави повеќе детали за да спречи непотребна паника.

Експертите бараат одговори во врска со првиот смртен случај од новиот сој на корона во Британија, како вакциналниот статус на пациентот, дали бил во група чувствителна на ковид, и дали вирусот бил водечка причина за смртта.

Google search engine

Професорот по медицина и консултант на онкологија, Карол Сикора, рекол дека владата на нацијата не и пружа доволно информации за смртта и дека на тој начин предизвикува непотребна паника.

“Дали бил во болница поради ковид или бил таму бидејќи го прегазил автобус?”, се запрашал тој.

Британскиот премиер Борис Џонсон известил за првата смрт во Британија од омикрон во текот на посетата на клиниката за вакцинација во Падингтон во западен Лондон.

“За жал, да, омикрон предизвикува хоспитализација и за жал потврдено е дека еден пациент почина со омикрон”, рекол тој.

Џонсон не открил колку години имало лицето кое починало, дали имало други болести, ниту дали омикрон бил водечка причина за смртта или секундарен фактор.

Овој случај се смета за првопотврдена смрт од омиркон во светот.

Со оглед на тоа дека речиси сите ковид случаи во Јужна Африка се омиркон, веројатноста дека големиот број на смртни случаи таму се поради новиот сој, но недостигот на тестирања значи дека тие не се откриени, наведува “Daily Mail”.

Здравствените власти откриле дека 10 Британци се хоспитализирани со омикрон. Здравствената безбедносна агенција (UKHSA), која потврдила дека сите на возраст меѓу 18 и 85 и дека повеќето примиле две дози вакцини, одбила да каже дали некој од нив примил и бустер.

Од (UKHSA), меѓутоа, откриле дека на поединецот кој починал, новиот сој му бил дијагностициран во болница.

Професорот Сикора рекол дека владата треба да објави повеќе детали за смртта за да ги смири луѓето.

“Дали лицето примило бустер? Дали било постаро? Оваа работа има разни нијанси и не ги добиваме вистинските информации”, навел тој.

Тој додал дека со оглед на просечната старост на смртните случаи од ковид во Велика Британија и дека лицето можеби починало додека било заразено со омикрон, наместо од него, нема причини за паника и дека владата треба да ги намали стравовите, а не да ги предизвикува.

“Просекот на старост кај смртните случаи е 82,5, така што многу 82-годишни лица умираат во текот на годината, во било кој момент”, рекол тој.

“Не се објавени никакви детали, претпоставувам дека тоа е само некој постар човек кој бил позитивен, можеби починал на сон или од срцев удар, кој знае”, истакнал Сикора.

Професорот се сомнева дека молчењето за тоа дали личноста била вакцинирана или не, укажува на тоа дека можеби починала од други причини додека имала омикрон.

Сикора оценил дека смртта веројатно била последица од нешто други, а дека лицето случајно било позитивно на ковид.

“Затоа не креваат голема бура околу тоа дали бил вакциниран или не”, рекол тој.