Прва земја во светот која одобри вакцина за деца од 12-годишна возраст

Канадското Министерство за здравство денес објави дека ќе дозволи употреба на вакцина за коронавирус произведена од Фајзер-Бионтек за деца на возраст од 12 години.

Канада стана првата земја што одобри употреба на вакцина за таа возрасна група.

Реклама

Министерството заклучи дека вакцината е „безбедна и ефикасна“ во спречување на коронавирусот кај децата на возраст од 12 до 15 години.

Тие додаваат дека одлуката е донесена по „ригорозен и независен преглед на научни докази“.

Канадските власти претходно ја одобрија вакцината од 16-годишна возраст.

Реклама