Шведската полиција го истражува нападот со нож кој се случил во општината Ветланда на југ од земјата во кој се избодени најмалку осум лица.
Полицијата наведува дека се работи за можен терористички напад, пренесува „Ројтерс“.
Неколку лица се ранети, но засега не е пријавен ниеден смртен случај, додека едно лице е во притвор.
الشرطة السويديّة: 8 إصابات ولا قتلى بحادثة الطعن في مدينة فيتلاندا وإلقاء القبض على المنفذ #Vetlanda #Sweden pic.twitter.com/W6LtYzCFDC
— nbnlebanon (@nbntweets) March 3, 2021
Полицијата соопштила дека момчето, на возраст од околу 20 години, почнало да ги напаѓа со нож луѓето околу себе, околу 15 часот, дека повредило четири лица, после што полицијата го ранила во нога и тој е префрлен во болница.
Мотивот за нападот сè уште не е познат, но полицијата засега го третира како терористички.
Полицијата наведува и дека сега ситуацијата е под контрола и додава дека повредите на жртвите се од различен тип.