Полициската потера по Урош Б.(21) е успешно завршена и тој е уапсен утринава, нешто по 08:00 часот во близина на Крагуевац. Тој е осомничен за синоќешното масовно убиство во три села кај Младеновац, а потерата по него заврши по 9 часа полициска акција.
Силни полициски сили го лоцирале, го опколиле и го уапсиле кај Крагуевац, во населбата Грошница. Тој е осомничен дека убил 8 лица, ранил 13, а 7 од нив се во критична состојба.