Прва европска земја која постигна колективен имунитет

Малта, против ковид-19 вакцинираше 70 проценти од возрасната популација со најмалку една доза и со тоа стана првата земја во Европската унија што постигна т.н. имунитет на стадо.

Малиот медитерански остров минатата недела просечно имал по три нови случаи на заразени од коронавирус на ден, со позитивна стапка на тестови од 0,2 проценти.

Google search engine

„Една вакцина се дава на секои пет секунди“, рече Ферн на прес-конференција. „42 проценти од возрасната популација добија две дози“.

Вакцинацијата во моментов е достапна за сите жители на Малта постари од 16 години, а Ферн рече дека децата над 12 години треба да ја примат вакцината откако европските здравствени власти ќе дадат зелено светло.

Тој, исто така рече дека задолжителното носење маски на отворено ќе биде укинато на 1 јули за вакцинираните лица, сè додека вирусот остане на ниско ниво.

Здравствените власти претходно објавија дека носењето маски веќе нема да биде задолжително на плажите од 1 јуни.

Ограничувањата во теретани и базени се укинати, додека работното време на рестораните е продолжено до полноќ. Претходно, угостителските објекти мораа да бидат затворени до 17 часот.