Протест сега, за да не биде предоцна, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој повика на надпартиски предупредувачки протест за, како што напиша на својот профил на Фејсбук, „одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет“.
-Нема Македонец кој не почуствува срам од интервјуто, каде Заев со насмевка и скрстени раце кажуваше невистини за својот народ.
Ако Заев ги прогласи окупаторите за ослободители, тогаш македонските антифашисти – Партизаните кои се вистинските ослободители, Заев ги прави окупатори, а бидејќи врз антифашистичката и Народноослободителната борба како и Илинденската борба се темели на македонската државност, тогаш испаѓа дека Заев ја укинува и македонската државност.
Ова не е нималку наивно, се наоѓаме во историски моменти и или ќе покажеме дека заслужуваме држава или ќе нѐ нема.
Затоа протест сега, за да не биде предоцна!, порача Мицкоски алармирајќи до граѓаните да се заштитат, да носат маска и да држат растојание.
Протестот ќе започне во 18 часот пред спортската сала „Борис Трајковски“.