Џони Деп седи на малата тераса од пабот The Bridge Tavern во Њукасл и пие пиво со пријателите, исто како да е уште една сосема обична среда во неговиот живот. Така изгледаше во Велика Британија минатата ноќ, додека од другата страна на океанот во Ферфакс, судија од Вирџинија ја читаше пресудата на судењето со неговата поранешна сопруга.
Деп на крајот победи, испрати порака до светот дека „штотуку си го вратил животот“ и седна на пиво.
Џони Деп беше забележан на маса со музичарите Џеф Бек и Сем Фендер. Скриен зад очилата за сонце и некоја обична капа, тој беше добро расположен, па дури и позираше. Наскоро социјалните мрежи беа преплавени со видеа и фотографии од актерот во пабот. Беше весел, се ракуваше со обожавателите и дозволи да го снимаат.
Кога толпата станала преполна, тој го напуштил пабот во придружба на телохранител.
For anyone interested…Johnny Depp and Sam Fender just been seen in The Bridge Tavern pub on Newcastle Quayside 👍🏻⚫️⚪️ pic.twitter.com/j73jjiSiop
— Darren Williams (@DazWilliams) June 1, 2022
Така, во негов стил, еден од моментално најспоменуваните актери во светот, заедно со половина литар пиво во него, прослави голема победа на суд од кој неговата поранешна сопруга Амбер Херд си замина длабоко потресена и разочарана.
Кога сметката е извлечена, по години луд брак испреплетени со љубов, кавги, тепачки и бизарни инциденти, Херд заминува поразена, а Деп со нова масовна база на обожаватели како победник побогат за вкупно 8,35 милиони долари колку што Амбер Херд треба да му плати.