Обвинителството во Болзано, Италија, отвори истрага откако еден човек почина, а неколку лица завршија на интензивна нега откако наводно присуствувале на забава наменета за заразување со Ковид-19.
Овој загрижувачки тренд преовладува во северна Италија, каде што луѓето кои не сакаат да се вакцинираат и сакаат да се заразат за да добијат дозвола за работа со Ковид-19 потврда, како и за да влезат во барови и ресторани и да се возат со јавен превоз.
Во Италија, доказите за закрепнување, односно надминување на Ковид-19, се доволни за да се добие посакуваната пропусница т.е. потврда. Забавите првенствено се одржуваат во областа на Јужен Тирол долж границата со Австрија, каде што има висок број на ново заразени и ниска стапка на вакцинација.
Тој регион треба да стане и да се означи со жолта зона во Италија – кажува локалниот здравствен координатор Патрик Францони.
Има млади луѓе, некои од нив и на училишна возраст, кои се среќаваат со заразените и се обидуваат да се разболат, не сфаќајќи дека вирусот е опасен и за нив – изјави тој за една радио станица и додаде:
Вирусот има долгорочни последици, па дури и младите може да завршат во болница.
На забавите, заразените се дружат со невакцинираните, бакнувајќи ги и гушкајќи ги за да го рашират вирусот, изјави Францони, додавајќи дека заразеното лице може да се соочи со кривична пријава за свесно ширење на вирусот.
Според првичната истрага, дел од забавите се одржуваат надвор од локалите до кои се пристапува без потврда. Целта на овие забави е заразеното лице да пие од иста чаша или исто шише пиво и да се обиде да го пренесе вирусот до друго лице кое пие од истата чаша или шише.
Останатите настани се одржуваат во приватни домови. Во еден од собирите во приватни домови, заразена возрасна жена била врзана за својот кревет, а гостите се собрале околу нејзината постела за да се обидат да го вдишат вирусот а со тоа да се заразат.
Човекот кој почина како последица на овие забави од Ковид-19 е Австриец, кој редовно ја преминувал границата за да присуствува на забави во Италија, изјави Францони.
Областа е дом на голем број фамилии кои ја одбиваат вакцината, ја фалсификуваат својата потврда дека се вакцинирани, и им даваат на своите деца домашни вакцини и ги фалсификуваат картичките за имунизација со цел да добијат сертификати.
Бројот на заразени долж северната граница на Италија е тројно зголемен во изминатиот месец.
Еден член на групата кои се „забавувале“ на тој начин и кој заврши во болница изјави за весникот Венето Кориере, дека се кае за тоа, но сè уште не е сигурен дали има Ковид-19.
Тоа беше сериозна грешка, изјавил тој за весникот, додавајќи дека е сигурен дека има само пневмонија и дека лекарите му намерно кажале дека е Ковид-19 за да му го променат мислењето.
А за крај членот на групата изјавил само дека тоа е само пропаганда.