Протекоа детали од извештајот на КОС: Аркан ја користел војната за шверц со нафта! Заработил 28 милиони марки само од продажба на чинови

Во документите на Државната безбедност на Србија нема многу траги за врските помеѓу паравоените формации и државата, но затоа Југословенската армија го евидентираше и следеше дејствувањето на Жељко Ражнатовиќ Аркан кого во своите извештаи го апострофира во контекст на соработката со Државна безбедност.

Постојат неколку документи за Аркан во архивите на Хашкиот трибунал од почетокот на 90-тите години на минатиот век.

Google search engine

Така, во документот на КОС со наслов „Некои размислувања во врска со делувањето на Аркан“ се вели дека неговите постапки „немаат значителен воен дострел“ и дека тој „станал медиумска ѕвезда едноставно затоа што на народот му требал народен мелем за лута рана“.

Тој го искористи тоа со умешно вклопување на сопствените цели во целите на народното српско востание – наведува КОС.

Тие понатаму велат дека „повеќеслојна појава е дека неговата единица се појавува само на избрани места“.

Прво, ваквото однесување може да биде резултат желбата војната да се искористи за богатење и второ, Аркан е присутен само онолку колку што е потребно за да се зајакне неговата медиумска позиција во општеството. Од оваа теза е можно да се извлече логичен заклучок – дека воената единица на Аркан е темел на поширок проект за насилна борба за власт – оценува КОС.

Документот датира од 1992 година и забележува дека „очигледно е дека Аркан излегол од тековната граѓанска војна многу богат“, дека неговите „послушници“ станале бизнисмени кои нашле начин да „купат алиби за нивното дезертирање“ и дека приватниот бизнисмените одат на „аџилак во Ердут каде долната граница е 50 000 германски марки“.

Пресметано е дека Аркан собрал 28 милиони марки само врз основа на продажба на повелби и чинови – се наведува во документот.

Понатаму се вели дека е „сигурен податокот“ дека Аркан контролира 92 отсто од нелегално увезените нафтени деривати во Србија. Опишано е и дека во 1995 година, Аркан пристигнал во воениот камп во Ердут со блиндиран „Нисан Пејсер“, со регистарски таблички на српското Министерство за внатрешни работи.