„Протече“ снимка од згодниот актер на која е целосно гол на сцена

Еден гледач на бродвејската претстава „Take Me Out“ ги прекршил театарските правила, иако корисниците на социјалните мрежи се среќни поради ваквото „злосторство“.

Снимката од потполно голиот актер Џеси Вилијамс на сцена е ударна тема на интернет овие денови – најмногу поради неговиот полов орган.

Google search engine

Видеото од актерот „протече“ во понеделникот, иако претставата „Take Me Out“ успешно се изведува веќе еден месец. И додека остатокот од посетителите на Бродвеј ги испочитувале прописите и не снимале делови од претставата, еден гледач го прекршил правилото и објавил видео од сцената под туш во која Вилијамс е потполно гол.

Naked video of 'Take Me Out' star Jesse Williams leaked after Tony  nomination

Поради ваквиот инцидент, театарот реагирал со напомена дека ќе ги заостри мерките за проверка. Имено, веќе со години постои протокол телефоните да се оставаат во лобито и да се земат по завршување на претставата, но во овој случај изгледа некој успешно го „прокриумчарил“ својот телефон.

Корисниците на социјалните мрежи се пошегувале дека, доколку кариерата на Џеси како актер пропадне, тој секогаш може да отвори „OnlyFans“ профил.

Џеси Вилијамс изјавил дека бил исплашен поради улогата, токму поради голата сцена пред публиката.

„Барав улога која ќе ме исплаши и ќе ме предизвика бидејќи тоа ме прави жив, иако не се чувствувам воопшто пријатно“, изјавил актерот.

Вилијамс ѝ е познат на пошироката јавност по улогата на д-р Џексон Авери во серијата „Grey’s Anatomy“ и хорор-комедијата „The Cabin in the Woods“.