ПРОТЕЧЕ СНИМКА ОД ЛИКВИДАЦИЈАТА НА ПАГ! Убиецот му пришол на Црногорецот одзади и му пукал во глава, тој побегнал, а потоа ШОК!

Црногорецот Горан Влаовиќ (38) е убиен утрово околу 6 часот пред ноќен клуб во Паг, а според хрватските медиуми, осомничениот за убиството е државјанин на Србија.

Се појави видео од безбедносните камери на кое се гледа моментот на убиството и моментот кога убиецот со бела капа на главата му приоѓа на Влаовиќ одзади и му пука во главата. Сето тоа се одвиваше пред дваесетина луѓе кои ги напуштаа клубовите. По пукањето, едни почнале да бегаат, а други се обиделе да му помогнат на ранетиот Влаовиќ, но тој набрзо починал.

Google search engine

Убиецот избегал додека имало општа гужва, но интересно е што, како што може да се види при крајот на видеото, убиецот се вратил на местото на злосторството, најверојатно за да провери дали ликвидацијата била успешна.