Прославата на 4-ти јули тргнала наопаку: Истовариле огномет на плажа, а потоа следела неконтролирана експлозија

Вработените во компанија за огномети биле повредени за време на прославата на Денот на независноста на САД, 4-ти јули, кога огнометот што го подготвиле случајно експлодирал и тоа пред многу посетители, кои, како што пренесува „CNN“, помислиле дека се запалил паркиран автомобил.

Противпожарната служба во „Ocean City“, соопшти дека мислеле дека гори автомобил, а кога пристигнале виделе како огнометот неконтролирано експлодира.

Google search engine

Полесно повредените работници одбиле превоз до локалната болница, а вистинска среќа е што ниту еден посетител на плажата кој присуствувал на прославата, не бил повреден.

Се претпоставува дека експлозијата се случила при истовар на огномет од камионот, а безбедносната зона околу местото каде што требало да се пука огнометот, како и безбедносните протоколи биле од голема помош затоа што спречиле повеќе повредени во оваа експлозија.

Портпаролот на корпорацијата „Starfire“, компанијата одговорна за управување на огнометот на прославата, за „CNN“ рекол дека се испитуваат причините за експлозијата.

„Од корпорацијата ‘Starfire’ се чувствуваат страшно за тоа што се случило и благодарни сме на противпожарната служба во „Ocean City“ и на сите останати агенции кои помогнаа денеска“, рекол портпаролот за „CNN“.

Сите оние кои требало да ракуваат со огнометот биле добро обучени, лиценцирани и ги следеле протоколите при ракување со огнометот, рекле од компанијата.

Поради овој инцидент сите прослави во кои е вклучен огномет од безбедносни причини се откажани.