Просечната нето плата во Црна Гора во февруари е 706 евра

Просечната бруто плата по вработен во Црна Гора во февруари годинава изнесувала 875 евра, а просечната нето плата 706 евра, покажуваат податоците на црногорската државна статистичка агенција Монстат.

Просечната нето плата во февруари 2022 година, во однос на јануари, е зголемена за 2,9 отсто, додека во однос на истиот месец лани е зголемена за 33,5 отсто“, се вели во соопштението на Монстат, пренесува порталот bankar.me.

Реклама

Ако се има предвид дека инфлацијата во Црна Гора е зголемена за 1,5 отсто во февруари во однос на јануари, произлегува дека просечната нето плата е повисока за 1,4 отсто реално на месечно ниво, се додава во информацијата.

Реклама