Пронајдена плантажа со марихуана вредна милијарда долари!

За време на операцијата, која трае околу десет дена длабоко во ридовите на пустинската област во близина на Лос Анџелес, беа запленети 16 тони марихуана.

Калифорниската полиција откри огромна нелегална плантажа со марихуана во близина на Лос Анџелес, што ќе донесе милијарда долари при продажба на улица, заплени 370.000 растенија а досега е уапсено 131 лице.

Реклама

Полициските службеници соопштија дека за време на операцијата, која траела десет дена, биле запленети 16 тони марихуана и дека продолжува ангажманот на стотици полицајци, пренесуваат регионалните медиуми.

Тоа е толку голема плантажа што полицијата досега уништи само 205 од околу 500 пластеници и собра само 40 проценти од вкупната количина на марихуана одгледана таму, соопштила полицијата.

Тие објасниле дека насадот е поврзан со банди за трговија со дрога.

Гласачите во американската држава Калифорнија ја легализираа марихуаната за рекреативни цели во 2016 година, а легалната продажба започна во 2018 година.

Откриената плантажа, чувана од вооружени чувари на бандите, е нелегална, скриена длабоко во ридовите на пустинската област и се наводнува со украдена вода од мрежата на противпожарни хидранти и нелегални бунари.

Растот на стеблата, велат властите, е поттикнат од употреба на забранети, токсични хемикалии.

Реклама