Програмер покажа колку податоци Google собира од нас

Програмерот Берт Хуберт, познат и како автор на услугата PowerDNS, креираше апликација која јасно покажува колку податоци се испраќаат до Google во секој момент кога повеќето корисници се онлајн.

Неговата идеја е прилично едноставна: ги собрал сите IP адреси на серверите на Google за различни намени, а потоа ја програмирал апликацијата да испушта звук секогаш кога компјутерот со тие адреси ќе стапи во контакт.

Google search engine

Демото, како што може да претпоставите, се покажа како доста бучно. Додека работеше во Chrome на Google, звукот на испраќање податоци до серверите на Google се појавуваше речиси постојано. На критиките дека тоа е затоа што се користел Chrome, Хуберт одговори со сличен запис создаден при користење на Firefox – звуците не беа помалку ретки дури и тогаш.

Апликацијата се огласувала при внесување на секоја поединечна буква во прелистувачот, бидејќи прелистувачот повикува предлози за комплетирање на терминот за пребарување. После тоа, речиси секој клик на веб на одреден начин предизвикувал реакции од серверите на Google, со што се генерирал звук од апликацијата. Ова веројатно се случувало поради анализата на посетите кои ги врши Google Analytics.

Апликацијата на Хуберт моментално е достапна за Linux и macOS и може да се најде овде.

ПретходнаНаскоро ќе се наплаќа влез на јадранските плажи?
СледнаОвој зачин ги топи килограмите со неверојатна брзина