Сестрата на Брахим Садун, Мароканецот кој бил заробен додека служел во украинската војска, рекла дека се плаши дека неговата сопствена влада го напуштила и ја повикала меѓународната заедница да „го поддржи нејзиниот брат“.
„Само сакам било кој, кој е подготвен да помогне, да дојде и да помогне“, рекла Иман Садун во интервју за „Guardian“, опишувајќи дека е оставена без помош додека бара поддршка од владата за него.
Садун бил еден од тројцата мажи кои руската војска ги осудила на смрт во источна Украина.
Другите двајца војници кои се осудени на смрт се Британците Ејден Ејслин и Шон Пајнер. Министерката за надворешни работи на Велика Британија Лиз Трас рекла дека ќе направи сè што е потребно да обезбеди нивно ослободување.
Мароко настојувал да не ја критикува Русија, членка на Советот за безбедност при ОН, поради нејзината инвазија на Украина. Додека европските земји во голема мера ја осудиле војната, проруските ставови биле пораспространети на Блискиот исток и во Африка.
Иман рекла дека локалните медиуми и многу луѓе на социјалните мрежи ја прославиле казната на нејзиниот брат.
European Court orders #Russia not to carry out ‘death sentence’ against POWs defending #Ukraine #Brahim_Saadoun #Aslin #Pinner #StandWithUkraine #RussiaWarCrimes #StopRussiahttps://t.co/bZzGXyarpf pic.twitter.com/9nHkOqWWJQ
— Halya Coynash (@halyapuff) June 20, 2022
„Навистина го предадоа“, рекла таа.
„Кога ја доби смртната казна … можеби 10 проценти од луѓето ми пружија поддршка, но повеќето ја слават неговата смрт. Слават што ќе биде стрелан. И ме болеше срцето бидејќи не можев да наидам на поддршка од својата заедница“, додала таа.
„Искрено, треба да го убијат, овој вид не е марокански“, напишал еден корисник на социјалните мрежи во низата објави. Друг корисник користел хаштаг – „убијте го Брахим Садун“.
Голема поддршка добил во Украина, каде колегите студенти го опишале Садун како љубезен и популарен член на локалната заедница.
Бројни пријатели ја кренале свеста под хаштагот “#SaveBrahim, додека други рекле дека се загрижени што вниманието на медиумите било насочено само на двајцата Британци.
„Сакам луѓето да пишуваат за оваа кампања #Save Brahim“, рекла неговата сестра.