Според зборовите на експертот, трета доза од вакцините во овој момент не е потребна и вишокот треба да се донира во другите држави.
„Постигнувањето на колективен имунитет не е возможно со оглед на актуелниот делта сој на вирусот“, изјавил професорот Ендрју Полард, раководител на тимот за развој на вакцини од Оксфорд кој смета дека третата доза на вакцината против Ковид-19 во овој момент не е потребна.
Тој изјавил и дека фактот што вакцините не успеале да го запрат ширењето на коронавирусот значи дека колективниот имунитет станува „мит“.

Како што објаснил, јасно е дека делта сојот може да ги зарази и вакцинираните луѓе и да оневозможи постигнување на колективен имунитет, дури и со голема стапка на вакцинирани луѓе, пренесува „The Guardian“.
„Проблемот е што овој вирус не се малите сипаници. Доколку 95 отсто од луѓето ги вакцинираме против мали сипаници, па вирусот не може да се шири меѓу популацијата“, изјавил тој.