Продавачка која со години работела во „Chanel“ открила на кој начин секогаш знаела дека мажите им купуваат подароци на своите љубовници.
Шанон Хил на социјалната мрежа TиТок објавила видео во кое објаснила како знаела дека мажот којшто купува подароци всушност ја изневерува својата сопруга, пишува „The Sun“.
Таа како продавачка имала многу средби со мажи кои купувале божиќни подароци.
Видеото го започнала со следните зборови: „Имам мала приказна за вас за тоа што мажите им купуваат на своите љубовници“.
Таа изјавила дека мажите вообичаено купувале средства за нега на кожа, кармини и парфеми за своите сопруги, но некогаш се одлучувале и за дополнителен подарок.
@shannonhillnews It’s tea time ladies! 🫖 #storytime #holidayseason #fyp #cheatinghusbands ♬ original sound – Shannon Hill
„Би ѝ го купиле на сопругата нејзиниот омилен парфем, сè убаво ќе спакувавме, а потоа би купиле ист таков парфем за својата љубовница затоа што, погодете: ниту еден маж нема да ја напушти куќата на својата љубовница, а да мириса на друга жена“, додала таа.
Таа изјавила дека постоел дури и еден парфем којшто мажите кои изневерувале најчесто го купувале.
„Речиси секогаш беше тој ист парфем. Станува збор за Coco Mademoiselle. N°5 Chanel го купуваа за мајките, а за сопругите и љубовниците секогаш го бираа Coco Mademoiselle“, открила таа.