Прочистете го организмот: Намирници кои ќе ги отстранат масните наслаги

По зимските месеци во кои сте внесувале големи количини на сувомеснати производи, конзервирани производи, солени, масни и сл. сега е вистинско време малку да го прочистите својот организам.

Ви ги откриваме намирниците кои ќе ви помогнат организмот да го ослободите од масните наслаги во краток временски период.

Реклама

Јачмен

Пролетна житарка која е идеална за борбата против вишокот килограми и целулитот. Најдобро е да го започнете денот со каша од јачмен.

Никулци

Со доаѓањето на пролетта многумина од нас имаат проблеми со железото. Никулците од зелена соја, ‘рдокви и други намирници се исклучително богати со минерали, а се јадат сирови или со кратко обарување.

Зелен лиснат зеленчук

Вклучете го во секој оброк: листови од моркови, ротквици, келераба, брокула, диво зелје, коприва, блитва, спанаќ. Обарете го кратко во малку вода, зачинете со лимонов сок и маслиново масло и уживајте. Зелениот лиснат зеленчук особено им се препрачува на жените. Го чисти организмот од токсини, но има и многу минерали.

Грашок и грав

Го стимулираат црниот дроб на поефикасно функционирање, а големата содржина на влакна ќе го покрене целиот дигестивен тракт, што ќе им помогне особено на оние кои поради масната храна има проблеми со запек.

Лимон

Често треба да консумирате кисело. Користете за преливи лимонов сок, домашен јаболков оцет, понекогаш и вински оцет.

Реклама