Проблеми за Плејбој зајачицата: Полиција ѝ го заплени Ламборџинито затоа што не платила 199 казни!

Руската полиција го заплени Ламборџинито кое ѝ припаѓа на познатата руска „инфлуенсерка“ и плејбој зајачица, Настја Ивлеева затоа што не платила 199 сообраќајни казни.

Ивлеева на својот профил на социјалната мрежа „Инстаграм“ потврди дека нејзиниот луксузен спортски автомобил бил запленет од полицијата затоа што не успеала да ја плати големата сума на пари за сообраќајни прекршоци.

Google search engine

Паричните казни се однесувале на повеќекратни сообраќајни прекршоци, за брзо возење, погрешно паркирање, претекнување па полна линија и слично.

Во меѓувреме таа веднаш ги платила сите свои казни, по што автомобилот ѝ бил вратен. Иако точниот износ на сите 199 казни не е познат, руските медиуми пренесуваат дека нејзиниот автомобил чинел околу 258 илјади долари.