Откако на социјалните мрежи почнало да се расправа за нeго, Кина од репертоарот го повлече филмот „Monster Hunter“ поради проблематичната сцена од 10 секунди која што гледачите ја доживеале расистички.
„Tancent“, компанијата која што се погрижила за локалната дистрибуција, соработува со кинеските власти и агенции за да се избегне ситуацијата и да се исфрли спорната сцена од филмот.
Сцената која што предизвикала страсти, го вклучува азиско-американскиот рапер и актер Џин кој што во еден момент на својот колега со подбив му вели: „Погледни ми ги колената. Какви се овие колена? Кинески“.

Тоа е поврзано со расистичка порака со која што се исмејувале децата од азиско потекло, а дополнителен проблем се и локалните „титлови“.
Тоа ги изненадило сите, па дури и оние кои што биле вклучени во филмот.
Инаку, филмот на кинескиот пазар остварил солиден успех, но сето тоа било прекинато поради скандалот.
Погледнете го трејлерот: