Притвор за девојката од Велес осомничена за убиство на нејзиниот партнер

Судот ѝ определи притвор од 30 дена на 23-годишната девојка од Велес осомничена за убиството на нејзиниот партнер, соопшти ​​Основното јавно обвинителство во Велес.

Според досегашните информации од Обвинителството, вчера, во раните утрински часови, во куќата во која живеела, осомничената при вршење семејно насилство го убила 40–годишниот маж со кого живеела во вонбрачна заедница.

Google search engine

По вербална и физичка расправија меѓу нив, тој ја фатил за врат со намера да ја дави, па осомничената со нож му нанела убодна рана во градниот кош.