Пристигнува уште една руска вакцина: Креаторите велат дека ќе биде ефикасна против било кој вид Ковид-19, направена е на посебен начин

Фабриката „Медсинтез“ од регионот Свердловск ја прави својата прва вакцина против коронавирус, „Урал“, која ќе биде ефикасна во борба против било кој вид на Ковид-19, па дури и оние кои можат да се појават во иднина, изјавил претседателот на Управниот одбор на „Медсинтез“, Александар Петров.

„Еволутивниот процес на вирусот е земен предвид, вакцината е направена на посебен начин. Тоа е комплетно нова технологија, затоа станува збор за иновативна вакцина“, рекол во четвртокот Петров, истакнувајќи дека вакцината би требало да биде хипоалергична.

Google search engine

Според него, вакцината е добиена преку методата на генетски инженеринг, а за нејзино производство потребен е вирусен патоген и други компоненти и елементи, поврзани со инфективниот патоген, пренесува „Спутник“.

Петров додава дека се во тек претклинички испитувања на вакцината „Урал“, на глувци, после што „Медсинтез“ ќе почнат со клинички испитувања.

Вакцината ќе може да се транспортира и чува на температура од +2 до +8 степени во течна форма, што го олеснува процесот за транспорт.

Во август Министерството за здравство на Русија регистрираше прва вакцина во светот за превенција од Ковид-19, која ја разви Научно-истражувачкиот центар „Гамелеј“.

Вакцината е наречена Спутник 5. Вакцината се базира на проучена и тестирана платформа на аденовирусни вектори кај луѓето, чии важни предности се безбедноста, ефикасноста и отсуството на долгорочни несакани ефекти.