Пристигна Метаверзумот: Закерберг го лансираше „Horizon Worlds“ со кој може да ги оживеете и најлудите соништа – еве како изгледа

Мета го објави својот социјален простор на виртуелната реалност (VR), „Horizon Worlds“ по повеќе од една година тестирање. Ова е прв ваков производ откако Фејсбук стана Мета и ги најави своите планови дека ќе изгради Метаверзум.

Сите полнолени лица ќе можат да зачекорат во виртуелниот свет, а „Horizon Worlds“ е бесплатен за играчите кои користат „Oculus Quest 2 VR hedset“ кој го продава Мета.

Google search engine

 

Во овој Метаверзум можете да летате, да поставувате предмети како што е дрво или пак да го обликувате вашето дигитално опкружување. Покрај тоа може да присуствувате на работни состаноци или едноставно да го истражувате дигиталниот свет со своите пријатели.

Алатките за креирање се вградени директно во виртуелниот свет, така што играчите можат веднаш да им пристапуваат без дополнителни чекори или преземања, пренесува „BBC“.

„Horizon Worlds“ моментално е достапен само во САД и Канада, но се очекува дека Мета овој производ ќе го лансира глобално во блиска иднина.

- АУДИО РЕКЛАМА -