Принцот Хари, војводата од Сасекс овој викенд првпат разговарал со својот татко, принцот Чарлс и братот Вилијам, откако минатата недела беше емитувано интервјуто со него и Меган Маркл, пренесуваат странските медиуми.
„Па, им се јавив за да видам како се чувствуваат по сè, и вистина е , Хари разговараше со својот брат и татко. Ми кажаа дека разговорите не биле продуктивни, но драго ми е што барем почнаа да разговараат“, открила Гејл Кинг (66), водителка на „CBS News“ и пријателка на Меган Маркл.

Но, Кинг која што е добра пријателка и со Опра Винфри, истакнала дека разговорите„не биле продуктивни“ и дека парот сакал „кралското семејство да интервенира и да им порача на новинарите да престанат со неправедните, неточни и лажни приказни кои што дефинитивно расно ги детерминираат“.
„И, мислам дека ги вознемири и тоа што палатата непрекинато зборуваше дека сака да го реши проблемот приватно, но сепак веруваат во сите свои лажни приказни кои излегуваат и кои што се омаловажувачки против Меган. Од кралското семејство сè уште никој не разговарал со Меган, до тој момент. И, мислам дека ги фрустрира кога ќе видат дека кралското семејство разговара за расата, кога сето тоа кое постојано го сакаа беше кралското семејство да интервенира и да им порача на новинарите да престанат со неправдите“, изјавила Кинг.
„И, додека тоа успеат да го препознат, мислам дека ќе биде тешко да се оди напред. Но и двајцата сакаат да одат напред и да го ‘закрепнат’ ова семејство. На крајот, тоа е семејството на Хари“, додала таа.