Презентерка на локална телевизиска станица во Лос Анџелес ненадејно се онесвести на директен пренос во саботата наутро.
Колегите на Алиса Карсон Шварц, која ја презентира временската прогноза во утринската програма, мораа да го прекинат тој сегмент од емисијата кога Алиса ја наведна главата на пултот како да не ѝ е добро, а потоа падна наназад зад него.
Алиса се обиде да остане смирена и да предупреди за можна несвестица, но таа беше побрза од неа. Таа полека се движеше додека главата не ѝ падна на масата зад која стоеше. Нејзините колеги тоа не го забележаа во истото време. По неколку секунди, Ким вресна кога нејзината колешка падна, а Медина им кажа на гледачите дека ќе „ направат кратка пауза“.
🚨#WATCH: As terrifying moment happened when a CBS LA meteorologist collapsed live on air
Terrifying moment shows when a CBS LA meteorologist Alissa Carlson Schwartz collapsed on-air on Saturday morning while doing a live report her co workers… https://t.co/zkWpaB81yZ pic.twitter.com/tQ9To9spDo
— R A W S A L E R T S (@rawsalerts) March 19, 2023
Утринската програма не се врати во живо.
Подоцна, Шварц објави на Фејсбук дека ќе биде добро и им се заблагодари на пријателите и гледачите за желбите за нејзино опоравување. Не е сигурно зошто се онесвестила, но нешто слично ѝ се случило во 2014 година, кога работела во друга телевизија. Таа тогаш повраќала додека одела во живо и ѝ било дијагностицирано „протекување“ на срцев залисток.
„Сакам да им се заблагодарам на соработниците на Алис кои веднаш реагираа да ѝ помогнат и повикаа брза помош. Алиса моментално е во болница. Се надеваме дека наскоро ќе имаме повеќе информации. Во меѓувреме, таа е во нашите мисли и се молиме наскоро да оздрави“, изјави потпретседателот на медиумската компанија „CBS“ од Лос Анџелес.