Претседателот на УЕФА, Чеферин: Во кариерата бранев криминалци, но фудбалот е полн со сомнителни личности

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, во едно неодамнешно интервју зборуваше за животот пред да дојде во Европската куќа на фудбалот.

Словенецот при гостувањето во една емисија на хрватска национална телевизија, потсети на дел од своето минато за кое многумина не ни знаат, а дополнително тој уште еднаш се осврна на обидот за формирање на европска Суперлига, кој беше задушен само по неколку дена откако беше објавен проектот.

Google search engine

Тоа ќе значи крај на фудбалот во Европа, тоа би значело катастрофа за целата пирамида, и знаев дека треба да го спречам тоа. Отпрвин не знаев како затоа што бев премногу лут. Знаев дека морам да постапам што е можно поагресивно бидејќи требаше да се спречи во рок од 48 часа или ќе имаше некои шанси да успее. Знаев дека сум на работ, или ќе паднеме или ќе ја уништиме Суперлигата – изјави Александар Чеферин.

Словенецот се присети на моментот кога ја дознал веста за Суперлигата а тогаш патувал со легендарниот хрватски фудбалер, Звонимир Бобан.

Сакав да го претставам Бобан на конгресот и затоа заедно отидовме во Швајцарија, тој беше со мене во автомобилот кога се случи сето тоа. Звоне има големо искуство во фудбалот, практично знае се, но не беше толку важно тоа колку што беше важно што јас бев позитивен на оваа идеја од првиот момент. Да немав некој во кола осум часа да кука и плаче дека ќе изгубиме се, и дека фудбалот ќе пропадне…Напротив, тој беше оптимист од првиот момент и кажа, ајде да се обложиме на вечера дека ќе пропадне ова за два дена. И јас се обложувам и сè уште не сум частил вечера.

Чеферин изјави дека верува дека во следните десет години навивачите кои беа против Суперлигата нема да се грижат за нов обид за формирање на ова натпреварување. Тој откри и дека добил покана и богата финансиска понуда од луѓе блиски до основачите на Суперлигата.

Тие ми рекоа: Што ако ви дадеме 3,5 милијарди евра и да го направи тоа за нас. Реков дека има некој луд! Или тие или јас? Јас не, па оттогаш не се јавија. Тој капитал ќе продолжи да доаѓа, но мислам дека сме мирни за следните десет години.

Чеферин пред фудбалот долго време работел како адвокат, а својата долга кариера и обвинетите со кои работел ја споредувал со луѓето кои ги запознал додека работел во УЕФА.

За 24 години во кривично право ги бранев убијците. Тогаш запознав помалку сомнителни луѓе, отколку за две години во фудбалот – заврши Чеферин.