Претседателот на Филипини до граѓаните: Или вакцина или затвор

Во земјата која има 110 милиони жители досега се потврдени повеќе од 1,3 милиони случаи на зараза со коронавирус, а починале повеќе од 23.000 луѓе.

Претседателот на Филипините, Родриго Дутерте, им се заканил со затвор на граѓаните кои одбиваат да примат вакцина против коронавирус.

Google search engine

“Вие одлучувате – или ќе се вакцинирате или ќе одите во затвор”, рекол Дутерте во телевизиско обраќање, по извештајот за слабиот интерес за вакцинација на неколку локации во главниот град Манила.

Неговата изјава се коси со претходните пораки на здравствените службеници дека вакцинацијата е доброволна, пишува “Reuters”.

“Не ме сфаќајте погрешно, во земјата владее криза. Огорчен сум од Филипинците кои не сакаат да ја послушаат владата”, објаснил Дутерте.

Од 20-ти јуни на Филипините целосно се вакцинирани 2,1 милион луѓе, што е мал напредок со оглед на тоа дека целта на владата е до крај да имунизира до 70 милиони лица.

Во земјата која има 110 милиони жители досга се потврдени повеќе од 1,3 милиони случаи на зараза со коронавирус, а починале повеќе од 23.000 луѓе.

ПретходнаНаучниците кои го истражуваат коронавирусот имаат добра вест: Имунитетот на Ковид-19 може да биде долготраен?
СледнаАко дојде до четвртти бран ќе се разболуваат помлади од 40 години. Еве кои се симптомите на индискиот вид или делта вирусот