Во средата попладне се случи вооружен судир на плажата Амолофон во Кавала, во кој беа повредени три лица. Пукањето се случило во бар на плажата. Полицијата ја блокираше областа во потрага по сторителите. Повредените со возило на итната медицинска помош биле пренесени во болницата во Кавала.
— pensador (@sakriosamime) September 1, 2021
Мотивот за нападот не е познат, а според објавата на Кавала, 4 амбулантни возила и неколку полициски патроли наскоро пристигнале на местото на пресметката.
Група млади мажи во црно почнаа да пукаат во нозете на вработените во локалот, очигледно со намера да им се заканат. Се се случи многу брзо, тие испукаа неколку рафали и отидоа во непознат правец. Полицијата и двете амбулантни возила пристигнаа веднаш, раскажува во шок еден од туристите кој се најде среде оваа мафијашка пресметка.
Судејќи според фотографиите од местото на злосторството, ранетите биле и надвор од барот на плажата, и тие биле итно хоспитализирани.
Три лица се повредени, од кои едно потешко. Според информациите што ги имам, не е опасно по живот. Сите што беа ранети работат барот, ниту еден од туристите не беше повреден, вели еден од очевидците.
Првите информации за ова пукање ги објави групата на фејсбук, Грција во живо. Еден наш член се најде на плажа во околината на Неа Перамос, каде штотуку се случи мафијашка пресметка (рафално пукање) во еден од баровите. Три лица се повредени, никој не е загинат, напишаа тие.