Премиерот на Полска: „Некои членки на ЕУ се за тоа Украина да го положи оружјето“

Премиерот на Полска изјавил дека Русија не го искористила својот целосен потенцијал во Украина.

Премиерот на Полска, Матеуш Моравјецки изјавил дека Русија не го искористила својот целосен потенцијал во специјалната операција во Украина и додал дека некои земји членки на Европската унија не се против тоа украинските војници да го положат оружјето.

Google search engine

„Русија денеска е ранета мечка. Некои премногу рано проценија дека таа е победна во судирите во Украина. Тоа е моќна држава со голем потенцијал, ангажирала само еден негов дел“, рекол Моравјецки на дипломатското советување во Варшава.

Според зборовите на полскиот премиер, некои земји од ЕУ не се против тоа украинската војска да го положи оружјето.

„Постојат пукнатини во европската солидарност. Има земји кои повеќе би ја поддржале Украина во одлуката да го положи оружјето, наместо да го зајакне својот одбранбен потенцијал“, рекол Моравјецки.