Снимката која ја забележале безбедносните камери на една раскрсница во Австралија, повеќе потсетува на дел од акционен холивудски филм, а вистинско чудо е како возачот успеал да избегне поголема несреќа.
Имено, на снимката јасно се гледа како возачот на бела Тојота губи контрола над возилото, прелетува преку пешачкиот премин и влетува меѓу возила во движење на споменатата раскрсница.
За чудо, поминал помеѓу автомобилите во движење, без да удри ниеден од нив, а потоа продолжил брзо да вози низ колоната со автомобили во спротивен правец, кои стоеле на семафор.
Иако не било изгребано ниедно возило, белата Тојота не успеала да запре како што треба, туку откако ја поминала колоната со возила, удрила во најблискиот локал.
Зад воланот била жена, која заедно со малото дете е примена на преглед по овој инцидент во Ројан Дарвин болницата во австралискиот град Дарвин.
Дежурните во болницата рекле дека се работи за полесни повреди и дека е вистинско чудо тоа што никој освен нив не е повреден.