Предизвик од скопска сендвичара: Доколку го изедете овој сендвич ќе ви исплатат 1500 денари

Скопски фаст фуд ресторан започна необичен предизвик. Доколку го изедете огромниот сендвич кој тие ќе го подготват, тогаш ќе ви исплатат 1500 денари. Ако не успеете, тогаш Вие ќе треба да им платите 500 денари. За јадење на бургерот имате време од 25 минути.

Станува збор за фаст фуд ресторанот Baking Bread Burgers. Ова е составот на бургерот:

Google search engine

5 плескавици, 10 парчиња кашкавал, 10 парчиња сланина, сос и салати. Бургерот тежи 1кг и дополнителни 400гр. помфрит.

„Дечки, на ваше барање Monster Burger Challenge е повторно во игра 🙂🍔
Правилата се следни :
Имате 25 минути да го завршите предизвикот. За тие што ќе успеат ќе го добијат бургерот гратис, брендирана маичка, 1500 денари ваучер и ќе биде запишан на нашиот wall of fame. Kој нема да успее ќе плати 500 денари.
Сите заинтересирани претходно да ни се најават на телeфон или во порака.
@bakingbread_burgers 😎“, се вели во објавата на Facebook.

 

Претходна„Короната речиси ме уби“: Селма Хајек за првпат јавно за суровата борбата за живот
СледнаЗачин кој морате да го вметнете во исхраната: 1 лажица дневно топи 10 кг за 3 месеци