Љубовниот живот на принцот Чарлс главно се одвивал пред очите на јавноста, па така неговиот брак со принцезата Дајана бил главна тема во светските медиуми, а нивните тешки, но и среќни момнети ѝ биле „сервирани“ на публиката.
Слично сценарио се повторило и со неговата втора сопруга – Камила Паркер во која со години бил заљубен, но со текот на времето парот бил помалку интересен за медиумите, а улогата на „скандал мајстор“ ја презеде неговиот син Хари.
Но, еден интересен факт од емотивниот живот на престолонаследникот со години останал тајна – Чарлс пред да почне да ѝ се додворува на Дајана Спенсер, на една жена веќе ѝ понудил брак, но бил одбиен.

Станува збор за девет години помладата Аманда која дури била и негова подалечна роднина, а монархијата ја сметала за совршена кандидатка за брак. Но, Аманда не била заинтересирана за тој брак.
Оваа љубовна приказна за крахот на принцот Чарлс е објавена и во документарецот „The Royal House of Windsor“.
Во документарецот се наведува дека за таа врска инсистирал и дедото на Аманда, Лорд Маунтбатен, инаку правујко на Чарлс.
„Тој со години тајно работеше на тоа Аманда да ја постави за идна кралица“, објаснува нараторот во документарецот.
Синот на карлицата Елизабета II ја запросил својата подалечна роднина во 1977 година во текот на нивно празнично патување на Карибите. Но, иако делувало дека им е судено да бидат заедно, таа кажала „не“.
Имено, упатен извор во приказната тврди дека Аманда и Чарлс биле многу блиски, но нивниот однос бил речиси ист како однос на брат и сестра.

Не многу долго откако пропаднал обидот на Чарлс да ја запроси, тој почнал да ѝ се додворува на убавата Лејди Дајана со која се венчал во 1981 година.