Пред да се појави во хит серијата, била актерка во филмови за возрасни

По вчерашната последна епизода на втората сезона на серијата „Euphoria“, социјалните мрежи се преплавени од коментари.

Само на Твитер се објавени 400.000 објави во врска со расплетот на настаните кои серијата ги најавуваше од премиерата. Неколку нови лица од втората сезона станаа ѕвезди на „Euphoria“, а најконтроверзна е секако – Клои Чери.

Google search engine

Клои Чери ја толкува Феј, а вниманието на публиката не го привлече само драматичната приказна околу нејзиниот лик, туку и нејзините огромни усни кои станаа повод за бројни шеги на социјалните мрежи. Многумина мислеле дека станува збор за маска или протетички усни, но Чери открила дека тие се вистински и не ѝ е јасно зошто сите се фиксирале токму на нив.

„Многу е чудно чувството кога многу луѓе ќе ти кажат дека го обожуваат твојот лик во серијата, а уште почудно е што се оптоварени зошто усните ми се толку големи“, изјавила актерката, пренесува „Today“.

Чери, која во серијата се дружи со локалниот дилер на дрога, е среќна поради позитивните реакции, но не може да побегне од коментарите на сметка на нејзиниот физички изглед.

„Воопшто не разбирам во што е работата. Никој никогаш во животот не реагирал на мојот изглед на тој начин, сè досега. Иако, кога малку подобро ќе размислам, тоа е логична реакција со оглед на популарноста на серијата“, додала таа.

Пред ангажманот во „Euphoria“, Клои Чери била актерка во филмови за возрасни, а во индустријата влегла на 18 години кога се преселила во Калифорнија.

„Тој свет ме привлече поради слободата бидејќи го изразував она што со години го потиснував“, вели таа.

Режисерот на „Euphoria“, Сем Левинсон, во изгледот и однесувањето на Клои Чери видел сè што му е потребно за втората сезона.

Магазинот „Variety“ објави дека втората сезона на „Euphoria“ е вториот најгледан програм на „HBO“. Првото место сè уште го држи серијата „Game of Thrones“.

ПретходнаЧудна причина поради која е отстранета восочната фигура на Путин
СледнаПоследиците од Ковид-19 можат да стигнат месеци подоцна: Кардиоваскуларниот систем е особено на удар