Мишел Фајфер на социјалната мрежа Инстаграм објавила фотографија на која позира без шминка, а сите кои ја виделе се запрашале само едно – како е можно да изгледа така?
Холивудската актерка Мишел Фајфер уште еднаш покажала дека нејзината убавина е безвременска и тоа откако објавила фотографија на која позира без шминка, во друштво на сестрите Диди и Лори.
„Нема подобар начин да го поминам 4-ти јули отколку со своите две прекрасни и брилијантни сестри. Среќна, среќна јас. Се надевам дека и вие имавте убав ден“, напишала 64-годишната актерка под фотографијата која ја споделила со своите 2,3 милиони фанови.
View this post on Instagram
„Не ги коментирам често профилите на славните. Но, морам да кажам, ви благодарам, ви благодарам што не сте го наполниле вашето лице со филери и што природно стареете“, „Wow, прекрасен ангел со срце и душа“, „Се сеќавам на филмот Scarface од 1983 година и изгледаш прекрасно како и тогаш, па дури и подобро“, „Ти си природна убавица“, ѝ порачале фановите во коментар.
Многу од луѓето веруваат дека и денес таа би изгледала совршено во популарниот костим од латекс во кој ја одигра улогата на Жена мачка во култниот филм за Бетмен во 1992 година.
View this post on Instagram
Инаку, Фајфер глумела во многу филмски хитови, а во еден момент паузирала од големите екрани за да се посвети на своето семејство.
Мишел двапати се венчала, а првиот пат застанала пред олтар со актерот Питер Хортон во 1981 година. Парот соработувал на филмското платно, но во 1988 година одлучиле да се разделат поради преголема посветеност на работата.
По разводот, Фајфер на филмскиот фестивал во Њујорк го запознала актерот Фишер Стивенсон со кој во врска била три години. Го сакала и Џон Mалкович, а вторпат застанала пред олтар во 1993 година со продуцентот Дејвид Е. Кели со кој и денес е во брак. Парот заедно има две деца, синот Џон Кенри (26) и ќерката Клаудија Роуз (28).