Пратениците ќе се подноват со нови мобилни, сумата е 200.000 евра за претплата за две години

Собранието потпиша договор на крајот на јануари годинава со Македонски Телеком кој ќе трае две години. Набавува 270 мобилни линии со неограничени разговори и интернет по цена од 497 денари месечно, пишува ММС.

Пратенците во македонското собрание ќе се подноват со нови мобилни, а претплатата за телефоните македонските граѓани ќе ги чини 192.000 евра за две години односно околу 100.000 евра годишно.

Реклама

Фото: ММС

Покрај неограничени разговори дома и неограничен интернет, пратениицте во пакетот имаат и бесплатни разговори со ограничено времетраење и во интернационални мрежи, СМС пораки, како и роаминг. Покрај ова „Македонски Телеком“ треба да му обезбеди на Собранието и субвенции од 72.000 евра за набавка на нови мобилни за 270-те линии од првиот тарифен модел, и за 120 за тој за тарифниот модел за пратениците.

Фото: ММС

Последниот договор на Собранието за мобилна телефонија беше пред две години, исто со „Македонски Телеком“ на истата сума од 192.000 евра.

Реклама