Познатиот заводник беше со многу познати, но сега ја освои една од најпопуларните актерки

Иако многумина посакувале да стапи во романса со мегапопуларниот колега од серијата, сепак срцето на убавата актерка го освоилo момчето кое што е добро познато во светот на шоу бизнисот.

Доколку сè уште не сте ја погледнале, тешко дека не сте слушнале за серијата „Bridgerton“ која што едноставно го освои светот, а младата актерка Фиби Дајневор (25) во улогата на Дефне стана една од моментално најпопуларните на светот.

Google search engine

Сепак, иако многумина посакувале во приватен живот да стапи во врска со Пејџ кој што во серијата ја толкува улогата на нејзиниот избраник, очигледно дека моментално ситуацијата на љубовен план е поразлична.

Како што пренесуваат странските медиуми, актерката ја шармирал 27-годишниот комичар Пит Дејвидсон, познат по врските со многу дами од светот на шоу бизнисот.

Наводно комичарот се зближил со актерката, а потоа поради неа допатувал од Њујорк во Велика Британија.

Таа пак, претходно престојувала во Америка поради него, а на социјалната мрежа Инстаграм објавиле фотографии од Њујорк.

Ќерката на Синди Крафорд, сè попопуларната Каја Гребер, ја прекинала романсата со комичарот по 3 месеци забавување.

Дејвидсон во врската со младата Каја запловил откако ја прекинал врската со актерката Кејт Бекинсејл која што ја заинтригира јавноста минатата година поради тоа што таа е постара од него 20 години.

Дејвидсон ѝ бил вереник на Аријана Гранде која што му го посветила својот хит – песната „Thank U, Next“.