Огранокот на музејот Мадам Тисо во Берлин е критикуван поради восочната фигура која не наликува на ѕвездата која би требало да ја претставува.
Восочната статуа, украсена со провокативна божиќна облека треба да ја претставува – Ријана.
Меѓутоа, според фотографиите и пишувањата во медиумите, восочната фигура само го дели истиот тон на кожата и тетоважите како на пејачката, кои се едвај видливи и скриени со облеката.
Wer soll das denn sein? Berliner Madame Tussauds blamiert sich mit Wachsfigur. #Berlin #Rihanna https://t.co/x9t7J7RTXp pic.twitter.com/CmtaTn5klC
— TAG24 NEWS Berlin (@Tag24B) December 20, 2021
Обожавателите на Ријана го исмеале изгледот на статуата на социјалните мрежи, а еден од коментарите на Твитер гласи: „Толку кул што Мадам Тисо вклучи восочна фигура за помалку познатата сестра на Ријана, Бријана“.

Други се чуделе на изгледот на пејачката од Барбадос, тврдејќи дека статуата повеќе наликува на Лили Ален отколку на Ријана.

Фановите напоменуваат дека целата ситуација потсетува на озлогласената бронзена биста на Кристијано Роналдо која беше откриена на аеродромот Мадеира во 2017 година. И таа статуа беше исмевана ширум светот бидејќи воопшто не личеше на фудбалерот поради што на крајот беше заменета со друга.