Познатиот Јутјубер „MrBeast“ им овозможи на 1000 глуви лица да слушнат за првпат, ги израдувал и со скапи подароци

Познатиот Јутјубер „MrBeast“ преку својот нов хуманитарен проект им овозможил на глуви лица ширум светот да слушнат за првпат, донирајќи пари за најнови слушни апарати.

Овој хуман гест, „MrBeast“ го споделил и на својот Јутјуб канал, каде во 6 минути се прикажани некои од моментите кога поединците слушаат за првпат. Видеото наречено „1000 глуви лица за првпат слушаат“ брзо стана популарно на Јутјуб, добивајќи милиони прегледи.

Google search engine

Тој исто така ги изненадил учесниците со великодушни подароци како пари, водени скутери и влезници за концерти и натпревари, дополнително ширејќи ја радоста и правејќи разлика во нивните животи, а во еден момент и самиот Јутјубер заплакал од среќа.

 

Проектот вклучувал месеци планирања, истражувања и соработка со експерти, а истиот чинел 3 милиони долари. Со помош на неговиот тим и со најновата технологија на слушни помагала им се овозможила помош на поединци од разни земји како САД, Мексико, Гватемала, Бразил, Јужна Африка, Кенија, Малави, Индонезија и Индија.

Проектот исто така вклучувал донација за услуги на знаковен јазик во тие земји, дополнително покажувајќи ја посветеноста на познатиот Јутјубер кон подобрување на животот на лицата со оштетен слух.

Инаку „MrBeast“ се прослави со своите забавни содржини, но и хуманитарното делување. Неодамна имаше проект во кој им овозможи на 1000 слепи лица да прогледаат со помош на оперативен зафат.