Познатиот германски виролог предупредува: Олимписките игри и Европското фудбалско првенство не треба да се одржат

Германскиот виролог Хендрик Штрек денеска се изјаснил против одржувањето на Олимписките игри и Европското првенство во фудбал ова лето.

“Како виролог морам да кажам дека тоа не може да се одржи”, рекол Штрек, предупредувајќи на последиците поврзани со ширењето на коронавирусот.

Google search engine

Според неговите зборови, одобрувањето за одржување на овие две големи манифестации е можно само ако претходно бидат истражени можните последици од одржувањето на овие спортски натпреварувања.

“Тоа, меѓутоа, не е истражено. Пропуштивме да го направиме тоа целата мината година”, вели Штрек.

“Како виролог морам да кажам и дека не сакаме ниедна инфекција, и поради не би дал одобрение”, нагласил директорот на Институтот за вирологија при Бонската универзитетска клиника.