Познатиот актер ги открил траумите од детството: Бев уценуван да имам односи, а потоа ме дрогираа и злоставуваа

Познатиот актер Метју Меконахи открил во поткастот на Аманда де Каденет, „The Conversation: About the Men“ дека бил злоставуван како тинејџер.

Метју зборувал за тоа дека „бил уценет да има интимен однос кога имал 15 години и дека го дрогирал и злоставувал маж кога имал 18 години“, а за ова веќе зборувал и во својата книга „Greenlights“.

Google search engine

Иако 52-годишниот актер не посетувал терапија за да се ослободи од траумата која ја доживеал, рекол дека во животот имал многу луѓе кои му помогнале да го преживее тоа.

„Имав многу добри пријатели. Имав добри ментори. Имав постари мажи, постари жени, брачни парови кои одвојуваа време да седнат и да поразговараат со мене“.

Меконахи рекол дека и во двете ситуации во кои бил злоставувал, бил свесен дека не станува збор за здрав однос и дека во тоа сфаќање му помогнале претходните разговори со неговиот татко.

„Родителите ме учеа да ги почитувам жените, да ги почитувам врските, сексуалната интима и просторот. Татко ми ми кажа: „Ако некогаш почувствуваш дека девојката се двоуми, престани“. И беше во право, се доведов себеси до одредени ситуации и знаев кога треба да застанам. Никогаш не престанав да верувам во нештата на кои моите родители ме научија. Си реков дека нема да се плашам од врски бидејќи моето прво искуство беше уцена“, раскажал актерот.

Освен тоа, тој истакнал дека не го одрекува тоа што се случило, но дека го сака животот и верува во луѓето.

„Се уште довербата ми е на прво место. Нема да чекорам низ животот носејќи го тој товар, тоа да го дефинира начинот на кој се однесувам кон луѓето околу себе“, додал Метју.

- АУДИО РЕКЛАМА -