Супермоделот Паулина Поризкова позирала целосно гола, промовирајќи ја својата книга „Без филери: Добри, лоши и убави“, покажувајќи ја неверојатната фигура на тело.
Популарната 57-годишна жена покажала прекрасно тело и рамен стомак, а на лицето немала ниту грам шминка, па храбро се покажала пред милиони луѓе покажувајќи дека жените во зрели години и тоа како се сексапилни и привлечни.
Оваа дама добила бројни комплименти, дека успеала да ја задржи манекенската фигура од младоста и дека старее баш како виното, иако сега има малку поразличен вид на убавина.
View this post on Instagram
Оваа дама пред неколку денови споделила и фотографија настаната за потребите на споменатата книга, еден вид мемоари.
Таа привлекла внимание на социјалните мрежи и со потегот кога позирала само по долна облека и во заводливи пози, докажувајќи дека и натаму ја краси оној ист сексапил како на почеток на нејзината кариера.
Инаку, таа во повеќе наврати истакнала дека сака да се фотографира разголена за инает од оние кои сметаат дека повозрасните жени не треба да го сакаат своето тело.
View this post on Instagram
„Кога бев во своите 20-ти и 30-ти години, колку помалку облека имав на себе, толку бев попопуларна. Во 40-тите години можев буквално да одам наоколу гола и не би добила ништо повеќе од најмала казна поради инцидент во јавноста. Но, во 50-тите поради сè ме навредуваат: Облечи се бабо, желна си за внимание, зар не? Малку си очајна“, напишала таа.
Паулина со ваквите фотографии успеала да го разбие табуто и да ја покаже реалната страна од животот, но и да мотивира многу од своите врснички да се засакаат себеси.
View this post on Instagram
View this post on Instagram