Познатата манекенка итно хоспитализирана: Фотографиите од нејзиниот грб се загрижувачки

Бела Хадид била итно хоспитализирана откако имала неколку тешки денови, а точната причина за сместувањето во болница сè уште не е позната.

На основа на пишувањата на странските медиуми, се претпоставува дека нејзината состојба се искомплицирала бидејќи манекенката секој ден е на модната писта уште од почетокот на модните недели во септември.

Google search engine

Бела постојано е на снимања поради кои наводно гладува, а се чини дека уморот и стресот го направиле своето. Поединечни извори велат дека манекенката не јаде ништо и постојано пуши цигари.

Хадид ги загрижи своите фанови со фотографии од болничкиот кревет, на кои се гледа нејзиниот грб со залепени фластери кои се користат за намалување на високата температура и ублажување на болките предизвикани од инфекција.

Бела инаку се бори со Лајмска болест која настанува од убод од заразен крлеж. Убодот од крлеж е најчест начин на зараза, а инфекцијата може да настане и преку конјунктивитис или микроповреди кои настануваат по уништување на крлежот и иритација на кожата со неговата содржина.

Манекенката открила дека болеста ѝ била дијагностицирана кога имала 14 години и признала дека ѝ оневозможува секојдневно функционирање. Во една прилика објаснила дека секој ден се соочува со низа непријатности – аритмија, промена на расположението, болки во зглобовите, потење, мачнини, несоница и главоболка.

„Сè стана уште потешко кога наполнив 18 години. Ова е тоа што секојдневно го трпиме, без лекови. Тоа толку влијаеше на моето помнење што одненадеж повеќе не знаев како да стигнам од Малибу до Санта Моника каде што живеев. Не можев ни да јавам коњи. Ми беше многу лошо. Морав дури и да го продадам коњот бидејќи не можев да се грижам за него“, изјавила Бела во една прилика.

- АУДИО РЕКЛАМА -