Јавноста беше шокирана од веста дека поранешната филмска дива на СФРЈ Весна Пеќанац е корисник на националната кујна, а за тоа можеби не би се дознало ако српскиот патријарх Порфирије не ја посетил кујната на Верското доброволно старателство во Белград, па на фотографијата од тој настан се појави познатата актерка.
На многумина не им беше јасно како сопругата на култниот режисер Живко Николиќ, која во текот на својата кариера играше бројни улоги во најважните филмови на југословенската кинематографија, дошла до ситуација да јаде во хуманитарната менза.
На оваа тема сега проговори нејзиниот син Петар Николиќ кој откри дали го потресоа насловите што ги читаше за мајка му, но и фотографиите од народната кујна.
„Не бев посебно потресен, иако некои медиуми тоа го покажуваа, бидејќи тоа трае со години. Жената, пак, седеше во таа кујна и разговараше со патријархот. Значи, тоа беше средба на високо ниво. Но, таа е не е во завидна ситуација. Во долгови до гуша. Ја бркаат извршители. Се снаоѓа како знае. Не може сама,ама еве ја некако се мачи. Се обраќа кај луѓето за помош, а помошта најмногу и недостига. Каде се колегите? Што прават политичарите?, праша Николиќ во интервју за Блиц.
Со години се зборува за тешка судбина која го снашла неговото семејство по смртта на неговиот татко.
„Мислам дека оваа трагедија започна во 1990-тите и дека беше општа. Живко е само еден пример или случај. Има многу жртви на војни, транзиција или распаѓање на нашата социјална и државна структура. Вината на Живко можеби беше тоа што тој беше најдобар во својата работа, а на некој успехот не му се простува, посебно тој на меѓународен план. Ако има нешто што можев да научам од примерот на татко ми, тоа е дека има темна страна на човековата природа и дека е таа многу моќна и ефикасна, за тоа зборуваат сите филмови на Живко, но и нашата непосредна историја“, вели Петар.
Кога неодамна јавноста дозна за тешката состојба на Весна Пеќанац, многу колеги актери од Србија, но и од Црна Гора се јавија да и помогнат. Но, Петар Николиќ вели дека, колку што знае, се уште никој не помогнал, во смисла дека нејзиниот статус и ситуација трајно ќе се решат.
На државата Србија и должи преку 15.000 евра преку тужби, казни и сметки. Додека не се ослободи од товарот на долгови нема да може да излезе од маѓепсаниот круг на сиромаштија и беда. Има месеци кога ја земаат целата нејзина пензија, а кој може цел месец да живее со дваесет евра? Само Весна Пеќанац, заклучи Петар.